ШоуБиз

Рита Ора новиот спот го снимаше во Приштина

Светски познатата пејачка Рита Ора се одлучи својот најнов видео запис за песната “Shine Ya Light”  да го снима во својот роден град, Приштина.

Младата пејачка која е штитеничка на Џеј Зи, многу брзо стана светски позната. Таа е родена во Приштина во 1990 година, а веднаш по тоа семејно се преселиле.

Инаку Рита е во врска со Роб Кардашијан, помалиот брат на сестрите Кардашијан.

Во јавноста често пати Рита ја споредуваат со Ријана, пишувајќи дека таа е само нејзина бледа копија.

Тука ја имате ексклузивната можност да видите дел од снимањето на овој видео запис. Рита е облечена во црно кожно елече, носи високи чизми и кацига додека се вози на мотор по улиците на Приштина.

http://www.youtube.com/watch?v=yXK95F9VH6Y&feature=player_embedded

 

 

Напиши коментар