ШоуБиз

Robbie Williams чека дете! :)

Британскиот музичар Robbie Williams (38) и неговата сопруга Ayda Field (32) очекуваат бебе.

Радосната вест за медиумите ја открил некогашниот член на групата „Take That“ на својот личен блог и тоа како што е типично за него, на малку хумористичен начин.

–          Криев нешто од вас… мојата Ayda ќе стане мајка, а јас ќе станам татко оваа година, – напишал пејачот и додал на шала: „Имавме секс. Функционира!“.

Сајтот на кратко време бил надвор од употреба, бидејќи огромен број на фанови се обидувале во ист момент да му честитаат на идниот татко.

Двојката стапи во брак во 2010 година, по 4-годишна врска и ова ќе биде нивно прво дете.

Напиши коментар