Robbie Williams за медиумите открил дека неговата сопруга Ayda Field очекува девојче. Во месец март, пејачот изјави дека во текот на оваа година ќе стане татко, а сега ги потврди гласините дека тој и неговата жена ќе добијат девојче.
– Девојче е. Многу сум возбуден што ќе станам татко, едвај чекам. Сопругата ми кажа да не го откривам полот на детето и јас ветив дека нема, – вели пејачот.
William се пошегувал и дека ќе ја научи ќерка си да игра фудбал, како и карате и бокс.
– Тоа ќе биде првото нешто што ќе ја научам за да знае како да ги држи луѓето како мене и мојот најдобар пријател Johnny подалеку од себе!
