Откако во август откри дека жена му е бремена, а малку подоцна го издаде и полот на бебето, сега актерот Роберт Дауни Џуниор (46) си доби син.
Неговата жена Сузан се породила вчера утрото во Лос Анџелес. Бебето тежи околу 3,2 килограми, здраво е и одлично се чувствува.
– Сите се среќни, посреќни здравје, – бил коментарот на еден близок пријател на двојката.
Роберт има уште еден син Индио (18) од претходниот брак.
Засега Роберт успева да го премолчи името на детето.
– Ако ви го кажам името на бебето, Сузан ќе ми ја отсече главата со меч, – се нашалил актерот.
