ШоуБиз

Robert De Niro добива почесна докторска титула!

За време на вчерашната церемонија на доделување дипломи, актерот Robert De Niro (68) добил почесна титула за Доктор на уметност при универзитетот „Bates“ во Мејн.

Додека држел говор, со своите мудри забелешки тој успеал да ги насмее сите 463 дипломирани студенти и уште над 5.000 луѓе кои дошле да го следат настанот.

–          Со сета почит кон вашите претпоставени, но мислам дека ова е најдобриот совет кој некогаш ќе го добиете: Станете филмска ѕвезда! Знам дека може да бидете искушувани од други професии, интереси и обврски. Можеби и ќе се најдете под притисок да го смените светот, но морате да најдете сила во себе да го издржите тоа, – бил неговиот совет.

Тој се присетил и на деновите кога го напуштил средното училиште, за која одлука никогаш не зажалил. Со тоа заштедил доста пари, а според неговите пресметки, ако го направел тоа порано, ќе заштедел и некој долар плус.

Сега би бил горд да можела да го види мајка му и ги советува останатите студенти да останат на училиште што е можно подолго.

Напиши коментар