ШоуБиз

Роберт Патинсон го напушта Холивуд?

Актерот Роберт Патинсон е решен да го напушти Холивуд. Тој е млад актер кој за многу кратко време постигна голем успех, се стекна со светска слава и заработи милиони.

Но, по бурниот прекин на врската со Кристен Стјуарт, која го изневери со режисерот Руперт Сандерс тој се реши да го напушти животниот сон и да се повлече од актерската кариера.

Роберт од секогаш сакал да биде актер, но никогаш не му се допаѓало тоа што премногу му навлегуваат во приватноста. Тој има доволно пари за удобен остаток од животот, па планира да се повлече од шоубизнисот, изјавил близок извор на актерот.

Напиши коментар