Откако дозна дека долгогодишната девојка Крситен Стјуарт го изневерува со оженетиот режисер Руперт Сандерсон, миленикот на тинејџерската популација Роберт Патинсон е во тешка депресија. Тој го напуштил заедничкиот дом, во кој живеел со Кристен и не знаел што со себе понатаму.
Негов близок пријател изјавил: тој е во тешка депресија. Избега од домот и не знае што да прави понатаму. Го нема сеуште донесено конечното решение дали да и прости или не, иако Кристен излезе и јавно му се извини и му ја призна грешката.
