ШоуБиз

Роби Вилијамс ќе прави своја изложба на слики!

Музичарот Роби Вилијамс освен на музиката, од неодамна му се посвети и на сликарството. Имено, 37-годишниот Роби ја претворил својата гаража во Лос Анџелес во ателје и во него нацртал доста дела. Сега е подготвен да ѝ покаже на јавноста што сработил, па е решен да направи изложба на нацртаните дела.

–          Не знам дали планира да ги продава своите слики, бидејќи на нив би можел добро да заработи, – искоментирал еден негов пријател.

Роби на својот блог открил дека во последниве неколку недели лета низ светот заедно со групата „Take That“, а она малку слободно време кое му преостанува го користи за да нацрта уште некоја добра слика.

Напиши коментар