ШоуБиз

Роби Вилијамс малку претерал со билдањето…

Британската музичка ѕвезда Роби Вилијамс со нетрпение го очекува раѓањето на своето прво дете со сопругата Ајда, а до тој момент, Роби времето го поминува во теретана.

Судејќи според фотографијата која ја објавил на својот Твитер профил, на Роби дигањето тегови одлично му оди. Пејачот очигледно поминал низ макотрпна фитнес програма, бидејќи за кратко време успеал да развие импресивни мускули.

Рабо не им се придружил на групата “Take That” на затворањето на Олимписките игри во Лондон, бидејќи не сакал да се одвојува од сопругата со оглед на тоа дека треба да се породи во секој момент.

Британецот е пресреќен дека ќе стане татко, а открил и дека неговата сопруга очекува девојче.

Write A Comment