ШоуБиз

Роби Вилијамс заразува со покер :)

Роби Вилијамс (37) за неколку месеци ќе лансира интернет сајт за онлајн играње покер, а досега веќе неколку британски здруженија кои се борат против зависнот од коцкање го осудиле неговиот чекор.

–          Тој ја користи својата популарност за да заработи пари на луѓе кои имаат сериозен проблем, и тоа е навистина нечовечно. Добиените пари би требало да ги донира во установи за лечење од зависности, – изјавиле од здруженијата.

Вилијамс, кој пред неколку години победи во борбата со зависнот од антидепресиви, вели дека не гледа ништо лошо во тоа да разработи еден ваков сајт чија примарна цел е забава, а не заработувачка.

Напиши коментар