Дестинации

Rock Islands – бескрајното синило на Микронезија…

Островите Rock Islands се дел од островската држава Palau, сместена 800 километри југоисточно од Филипините. Овој дел од западна Микронезија меѓу своите подводни карпи и пештери ги чува најубавите локации за нуркање во светот.

Една од најпознатите е „ Сината пештера “, која е серија од поврзани пештери, со чија посебност, се создава светлина која доаѓа од ретките пукнатини, откривајќи неверојатна палета на бои. Најубав дел од неа е „ Синиот агол“, кој претставува триаголен корал со стрмни карпи во позадина. Силните струи, овде носат огромно количество планктони, поради кои, целата област ја доминираат баракуди и морски кучиња. До магичниот остров Palau, може да се стигне со авион од Манила, Тајпеј или Гвам, а ова место е совршена дестинација за секоја сезона.

 

Напиши коментар