Мојата кујна

Ролат од кашкавал – декоративно и многу вкусно

Потребни состојки за кората:

–          250 гр исечен кашкавал гауда или тост кашкавал (бидејќи најдобро се растопува)

За филот:

–          150 гр шунка

–          150 гр кисели краставички

–          250 гр кашкавал

–          250 гр павлака

–          Сол и бибер

 

Подготовка:

Најпрво направете го филот, така што ќе ги исецкате состојките и сите заедно ќе ги измешате. Зачинете по ваша желба.

Кашкавалот наредете го во плех, така што парчињата кашкавал ќе се преклопуваат. Одозгора тавата обмотајте ја со алуминиумска фолија. Ставете ја тавата во загреана рерна на 100 степени. Оставете ја тавата во рерна, но не повеќе од 10 минути. Потоа со нож внимателно извадете ја целата кора.

Ставете ја на работна површина. Одозгора ставете го филот и свиткајте ролат. Оставете нека се стегне убаво ролатот, а потоа пресечете го.

Напиши коментар