Мојата кујна

Ролат со кашкавал и јајца

ПОДГОТОВКА:

Трапистот се сече на коцки и се става во тенџере. На умерена температура да се топи додека не омекне, а потоа да се растегне на фолија.

Путерот да се измати додека не стане пенаст, да се дододат сецкани јајца, сецкано топено сирење, а потоа и 100 g сецкана шунка и кисели краставички. Додајте, сол, сенф и црн пипер.

Врз топениот трапист се ставаат гореневедените исецкани состојки, јајаца, шунка, красатвочки и др.,  потоа се тркалаат во ролна.

Оставете ја смесата малку да се стегне.

СОСТАВ:

* 500 g  Трапист
* 1 кутија  топено сирење
* 250 г  путер
* 5  варени јајца
* 300 г  шунка
* 2  краставички
* Лажичка сенф, сол, бибер

Напиши коментар