man fashion

Ролки – симбол на машкоста

Ролките најдобро стојат на високи, слаби мажи со долг врат. На оние кои се пониски и имаат поголем стомак не им се препорачуваат.

Ролките беа главното обележје на модните писти на модните недели во Милано и Њујорк. Тие беа главно обележје на стилот на Роберт Редфорд, Пол Њумен, Шон Конери… а и денес се главен адут во машката мода.

Ролките од кашмир се одлични за во зима. Мекиот и пријатен материјал ќе ве стопли. Темните ролки се препорачуваат за под одело, особено со два реда на копчиња. Тенките памучни ролки се препорачуваат во комбинација со палто или џемпер. Плетените дебели ролки комбинирајте ги со џинс.

Ролките може да ги носат и елегантнтните и спортско облечените мажи. Без разлика на кој моден тип припаѓате ролката е нешто кое мора да го имате оваа зима, советуваат модните експерти.

Напиши коментар