Bridal

Романтични венчаници од јапонската дизајнерка куќа Феличе вита

Јапонската дизајнерска куќа Феличе Вита ја претстави својата најнова колекција на венчаници за престојната пролетна сезона. Токму како и името на познатиот бренд, и венчаниците изгледаат како да се наменети за невести кои се среќни и уживаат во секој миг од животот.

Венчаниците го следат традиционалниот стил на невестински фустани, односно се со големи здолништа и раскошни корсети. Покрај стандардната бела, во оваа колекција ќе наидете и на венчаници во други нежни бои, како светло розева или небесно сина.

Од користените материјали во оваа колекција доминира свилата, а особено се истакнуваат брановидните форми на здолништата и нежните цветни детали.

Напиши коментар