ШоуБиз

Романтичниот Стивен Тајлер :)

Стивен Тајлер уште еднаш докажа дека е навистина романтичен човек. Фронтменот на групата „Аеросмит“ е сликан точно на Свети Валентин како го вози своето Порше низ Западен Холивуд полно со букет ружи на задното седиште. Се претпоставува дека цвеќето е за неговата свршеничка Ерин Бради.

Судијата на шоуто „Американски идол“ се сврши со долгогодишната девојка во декември, 2011 година, а месец подоцна и самиот го призна тоа.

Епа, секоја чест за ветеранот кој очигледно знае како на вистински начин да покаже љубов. А и се знае што им треба на жените. Дали вие направивте нешто слично?

Напиши коментар