Карнерите се женсвени, елегантни и романтични. Без разлика каде се појавуваат, го менуваат стајлингот, во трендовска и мека нота. Таа женственост, недостасува на денешницата кога во се e нагласена сексуалноста. Жените секогаш сакаат да покажат повеќе и носат дречави и агресивни бои.
Но, дизајнерите сакаат промена кон класичното и традиционалното. За таа цел, најдобра улога завземаат карнерите, во комбинација со тренди и пастелни бои кои ве прават прекрасно женствени…
Карнерите одговараат на здолништа, панталони, кошули, костими за капење, торби, чевли, фустани, буквално на се. А облеката ја прават секси и заводлива.
Како да ги носите карнерите:
Карнерите го привлекуваат вниманието, одлични се за создавање на ефект на илузија.А така и можете да ги сокриете проблематичните подрачја.
Додаваат волумен, доколку имате мали гради, или тесни колкови.
Со карнерите се нагласува еден дел. Кога ги носите внимавајте да ги нема премногу и да не претерате.
Комбинирајте ги со останатите пролетни трендови: пастелни бои, провидност (користете ги за покривање на недостатоците).
Немојте да се држите до едноставен изглед со карнерите. Експериментирајте и облечете облека која ќе ве издвои и ќе ве истакне.