Откако Ромео Бекам се појави облечен во култниот мантил во светот на модата, оној на Burberry, она што остави силен впечаток на мнозинството е фактот дека малиот Ромео е мала копија на својот татко.
Списанието Dailymail од својата архива со фотографии на познатите направи колекција од слики каде сличноста помеѓу таткото и синот е безспорна што воедно предизвика и позитивно воодушевување во јавноста.
Гените се гени! Освен тоа малиот Ромео израсна во семејство познато по уникатниот стил што нема како да не остави печат на стилот и манирите на малиот.












