Прекрасната Шпанија е многу повеќе од она што на повеќето ќе ни падне прво на памет..Лимитот не е во егзотичните плажи и врелата шпанска крв…Ви претставуваме еден „поинаков универзиум“ еквивалентен на митовите во кои се изгледа..така совршено…Ова е Шпанија во традиционален мотив…Ова е аголот на Шпанија…
Патот накај Малага е природен повик на неолитското време…Древните остатоци и археолошки објекти немо ќе ве поздравуваат…се додека не се соочите со градот Ронда…Ова мало место го населуваат 30 000 жители. Почетокот и крајот на овој историски феномен го поврзуваат три интересни мостови кои до ден денес ја сочувале својата автентичност.
Висината, пресудна за необичната положба на населбите и интересниот распоред на живеалиштата изнесува 120 метри. Всушност, густо поставените живеалишта поставени на самиот раб од високите карпи се вистинска можност за да ја почувствувате вистинската, историска слика на Шпанија…и да бидете поразлични…да го почувствувате топлиот менталитет на огромна височина…