Убавина

Ротквиците се еликсир за кожата

Ротквиците имаат чудесен ефект на сувата кожа. Тие се богати со калциум, магнезиум и витамин Ц, состојки кои се важни за формирање на колагенот. Сокот од ротквиците измешајте го со една жолчка, јогурт и малку квасец. Убаво измешајте ги состојките да се изедначат и ставете ја маската на исчистена кожа да делува 15 минути.

Доколку имате масна кожа исцедете сок од изрендани ротквици и во него ставете сок од морков, белка и голема лажица брашно. Оставете ја смесата да делува на лицето 15 минути и измијте се со топла вода.

Напиши коментар