Дестинации

Royal Palm – раскошниот хотел на Маврициус !!!

Местото каде што соништата стануваат јаве…

Маврициус, сам по себе е  дестинација од соништата. Уште ако се работи за хотел од оваа класа, незаборавниот одмор е  загарантиран. Лоциран е длабоко во Индискиот океан, источно од Мадагаскар, а југоисточно од архипелагот Сејшели. Се наоѓа само на неколку минути од Grand Bay, најпопуларното место на Маврициус. Овде се наоѓаат многу ноќни клубови, продавници, луксузни брендови, ресторани…

Хотелот овозможува врвна услуга, базирана на „ all inclusive“ третман. Ќе имате сопствено катче на плажа, кое ќе Ви овозможи блескави моменти од Вашиот одмор, со прекрасниот поглед кон океанот. На услуга Ви се 2 ресторани, 24 часовен„ room service“, тениски терен, многубројни спортови на вода, спа центар.

Превозот и до самиот аеродром Ви е овозможен од хотелот, можете да се одлучите и за превоз со луксузниот Rolls Royce или со хеликоптер…

Одлучете се да го доживеете овој раскош !!!

Напиши коментар