Убавина

Руменилото е повторно во мода

После неколку „бледи“ сезони, руменилото оваа година повторно е во мода, кога е шминкањето во прашање. Руменилото е важен дел од шминката бидејќи на лицето му дава свежина и го обединува во една складна целина.

Изборот на бојата на руменилото завист пред се од тенот, гардеробата и обликот на лицето. Стручњаците советуваат да се насмевнете додека нанесувате руменило, бидејќи така ќе го нанесете правилно. Додека се смееме образите доаѓаат до израз и јаболчните коски се поизразени. Никако не нанесувајте руменило на долниот дел од лицето, ниту пак преблиску до носот.

Четката за нанесување руменило е клучен фактор во шминкањето. Изберете густа четка за полесно и правилно нанесување на руменилото. Русокосте треба да користат руменило со нежни розеви тонови, бидејќи така лицето ќе им изгледа здраво и свежо. Бринетите со бело лице исто така треба да користат посветли нијански, особено праска боја која одлично им одговара.

За оние со потемен тен потребно е „посилно“ руменило. Изберете килибар, цимет или цигла боја за да ја истакнете вашата убавина доколку имате потемен тен.

Напиши коментар