Russell Brand бил именуван во еден полициски извештај во Њу Орлеанс од еден папарацо кој тврди дека актерот му го грабнал мобилниот телефон од рака и го фрлил низ прозорецот на една зграда во близина.
Фотографот по име Timothy Jackson во извештајот навел „криминална оштета“ во инцидентот кој се случил понеделникот навечер. Фотографот бил со други фотографи и го сликал Russell со својот телефон од автомобилот. Актерот се доближил до автомобилот, со сила му го земал телефонот и го фрлил кон прозорците на најблиската зграда.
Засега не се знае дали телефонот е вратен, а портпаролот на комичарот не одговарал на повиците.

