ШоуБиз

Russell Brand му дал 400 фунти на скитник!

А можеби разводот навистина малку му го поматил умот?

Новата љубов или добро влијае врз Russell Brand или тотално го опила. Поминувајќи покрај еден просјак на улица, тој му дал дури 400 фунти. Очигледно 30-годишниот британски комичар се сожалил над сиромашниот човек, па решил малку да му ги олесни маките.

–          Сретнал еден питач на Холувудскиот булевар, многу блиску до куќата во која живее Katy Perry. Бил со новата девојка и малку си поразговарал со скитникот. Тогаш преминал преку улица и подигнал 400 фунти од најблискиот банкомат. Кога ги видел парите бескуќникот, почнал да плаче, – изјавил еден пријател на комичарот.

Russell му порачал на скитникот паметно да ги потроши парите и да му се јави кога повторно ќе го здогледа на улица.

Напиши коментар