Британскиот комичар вели дека не жали за ниеден момент поминат со славната пејачка Katy Perry и дека сеуште ја сака – како човек.
Ова е прв пат по разводот, Russell Brand да си го отвори срцето и тоа пред водителката Ellen DeGeneres. Тој кажал дека Katy е „прекрасна личност која не може да не се сака“.
– Едноставно се случува да не ви одат работите, тоа е изгледа нормално, зарем не? Иако се разведовме, не жалам за ништо бидејќи бев среќен додека бев во брак со неа, – изјавил актерот и добил громогласен аплауз.
Двојката, чиј брак траеше само 14 месеци, се раздели во декември, минатата година, а официјално ќе бидат разведени дури во јули.
Еве како изгледало интервјуто:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=6OlWn9oouXY
