Sweet Home

Рустикален дом во Мајорка – инспирација за совршенство !!!

Местото каде летата се жешки, а во зимскиот период преовладува медитеранска клима и едноставно самиот воздух ги пренесува брановите директно на Ваша кожа е совршено живеалиште…

Токму тоа го „ искористил “ дизајнерот Местре Пако, за да создаде неодолива идила во рустикален стил, каде што пред се, сака да покаже дом во кој не постојат граници, а удобноста и релаксацијата се главни адути.

Камената фасада, надополнета со дрвени елементи, создава екстремно шармантен екстериер, акцентиран со преубавата градина. И во внатрешноста фокусот е ставен на едноставните камени ѕидови. Трпезаријата, одделена од дневната соба преку креативни полици го привлекува вниманието, а севкупната мешавина од стилови е „ главната добивка “ која овој дом го прави совршен…

Дали и Вие ја согледувате инспирацијата која создава совршенство ???

Напиши коментар