Мојата кујна

Sacher торта

Пробајте го ова чоколадно задоволство, а потоа ќе станете зависник од овој фантастичен вкус

Потребни состојки за тестото:

–      8 јајца

–      200 гр шеќер

–      60 гр какао во прав

–      120 гр брашно

–      100 гр путер

–      50 гр мелена плазма

За филот:

–      1 шолја мармалад од кајсии

–      200 гр чоколада за готвење

Подготовка:

За тестото:

Премачкате го дното на плехот за печење со маргарин. Загрејте ја рерната на 200 степени. Одвојте ги жолчките од белките, па жолчките пенесто изматете ги со 100 гр шеќер. Од белките направете цврст снег со остатокот од шеќерот. Во смесата од жолчки ставете ги брашното и какаото. Потоа додајте го и растопениот путер. Убаво промешајте па додајте го и цврстиот снег од белки и плазмата. Добро измешајте додека не добиете еднолична смеса. Ставете го тестото да се пече 40 минути. Првите 15 минути не ја отварајте рерната. Откако ќе се испече тестото ставете го на кујнска крпа и оставтете го покриено да стои 6 часа.

Подготовка на филот:

Пресечете го тестото на два дела. Долниот дел премачкајте го со мармаладот, па ставете го другиот дел од тестото. Со преостанатиот мармалад премачкајте ја тортата. Растопете ја чоколадата на пареа, па прелијте ја целата торта.

Напиши коментар