ШоуБиз

Сакаат ДеЖенерес да биде отпуштена зошто е геј!

Конзеративната групација наречена „Еден милион мајки (ОММ)“ се обидуваат да го убедат Џеј Си Пени да ја отпушти нововработената Елен ДеЖенерес од позицијата портпарол бидејќи отворено признава дека е геј.

Целата работа дигнала доста прашина, па од организацијата за права на геј популацијата започнале онлајн петиција за поддршка на ДеЖенерес.

Од ОММ велат:

–          Стратегијата на гигантската продавница е да им помогне на семејствата да купат нешто вредно за нивните пари. ДеЖенерес не е вистинската личност која би ги претставувала семејствата кои купуваат во нивните продавници. Тие би биле навредени. Ако сакате да си ја задржите лојалностa кај купувачите мора да си ја поправите грешката.

Во контрааргументот се вели дека Елен успева да инспирира и забавува милиони луѓе, па од компнијата ова го сметаат за паметна стратегија со тоа што не ги обесправуваат и хомосексуалците.

Напиши коментар