Убавина

Сакате да ослабете? Фатете се за крпата:)

Наoружете се со средства за чистење и започнете да ги броите согорените калории. Ќе бидете изнанадени колку брзо ќе стигнете до добра бројка.

Чистење под

Спуштете се на колена и соберете го стомакот. Користете ги двете раце. Со ова чистење се активираат стомачните мускули. Со 77 минути чистење ќе согорите 262 калории.

Чистење со правосмукалка

Бидете исправени и вовлечете го стомакот за да не ве боли грбот. Со чистење од 43 минути ќе согорите 90 калории.

Бришење прашина

Стегнете ги рацете додека бришете.Со бришење прашина 38 минути ќе согорите 92 калории.

Полирање на намештајот

Иако е досадна оваа активност сепак дава добри резултати. Со полирање од 50 минути ќе согорите 105 калории.

Менување постелина

За 12 минути ќе согорите 34 калории.

Чистење на прозорците

Со чистење од времетраење 50 минути, вие ќе согорите 125 калории.

Чистење на кујната

Ако ја чистите кујната 35 минути ќе согорите 214 калории.

Тоалетот

Чистењето на тоалетот ќе ви овозможи 84 калории помалку.

Напиши коментар