Здраво тело

Сакате да се храните здраво? Ова треба да го јадете овој месец

Искористете ги свежите плодови кои ви ги нуди месец мај. Има толку многу свежо овошје и зеленчук што е просто неверојатно да посегнете по брзата и нездрава храна.

Јагоди

Тие се одличен извор на витамин Ц, со 150 гр јагоди вие ќе ја внесете дневната потребна количина на овој витамин. Полни со витамин А, магнезиум, калиум, калциум, фосфор… Зајакнете ги коските, забите и имунитетот со јагодите.

Цреши

Тие не содржат толкава голема количина на витамин Ц како јагодите, но затоа пак се полни со антиоксиданси. Содржат голема количина на витамините А и Б. Содржат состојки кои му помагаат на организмот да се избори со ракот, штитат од срцеви заболувања, а добри се и како превентива за заштита од грип и настинки. Ги ублажуваат болките и смируваат. Сокот од цреши е добар ако имате несоница.

Ротквици

Имаат малку калории, а многу витамини и вода. Кога ги јадете ќе бидете сити, а воедно ќе ги внесете потребните витамини.

Рукола

Таа содржи осум пати повеќе калциум, пет пати повеќе витамини А, Ц и К и четири пати повеќе железо од обичната зелена салата. Јадете ја свежа во комбинација со друг зеленчук.

Млад компир

Младите компири содржат повеќе шеќери, витамин Ц и вода, а страиот компир содржи повеќе скроб. Младиот компир е одличен лек против реума и одлично ја лечи слузокожата на желудникот.

Напиши коментар