Потребни намирници:
4 моркови
4 компири
2 снопчиња млад кромид или 1 главица стар кромид
3-4 тврдо сварени јајца
4-5 или повеќе кисели краставички
1 мала конзерва грашок
2 чаени чашки исецкана шунка
Мајонез
Ги вариме компирите, ги лупиме и ги сечеме на коцкички. Морковите исто се лупат, се варат и се сецкаат. Го сецкаме кромидот многу ситно. После тоа јајцата и крастацичките исто така на коцки. Мешаме се, го додаваме грашокот и мајонезот и промешуваме внимателно усте еднаш. Се сервира ладна.
Салатава е позната во многу држави како Руска салата, но оргиналната верзија е создадена во 1860 година од белгискиот готвач и сопственик на ресторанот Ермитаж, еден од најпрочуените московски ресторани. Лусиен Оливие.