Motherhood

Сам си го бараше !!!

Овој пат нема да Ве советуваме и нема да укажуваме на Вашите доблести и грешки, семејните  прилики, обврски и задолженија… Едноставно, ќе Ве насмееме со една ситуација во која доминира љубопитството, желбата за докажување и потребата да се проба нешто ново…

Овие семејни ситуации секогаш резултираат со многу насмевки и шеги… Особено на сметка на оној кој е во центарот на вниманието….

„ Шоумен “ овој пат е момчето кое својата љубопитност успеа да ја задоволи во моментот кога остатокот од „друштвото“ на маса, не го гледаше…

Толку опуштено ја гризна лутата пиперка, не надевајќи се на… толку опасниот ефект!!!

За неколку секунди, момчето навистина почнува да се кае што и овој пат тврдоглавоста ја победи послушноста, добивајќи желба што побргу да го изгаси оганот во неговата уста…

Сигурни сме дека нареден пат ќе биде внимателен и послушен !!!

Напиши коментар