Sweet Home

Само едно парче мебел…може да направи ЧУДО !!!

После едногодишно истражување и развој, прочуеното шпанско име во дизајнот, ParedesPino Arquitectos, го создаде Redo- me, мултипрактичното парче мебел со многубројни можности за изведба и флексибилност.

Составот е резултат на иновативниот дизајн кој одговара на моменталните потреби, благодарение на неговата варијабилност и можност за трансформација. Составот го сочинуваат три различни парчиња, групирани во сетови, S , M  и L  кои можат да се постават на многу различни конфигурации. Деловите се составуваат без лепило, со помош на растегливите шипки, наменети за неограничен број монтажи и демонтажи.

Станува збор за прилагодлив мебел кој може да се проширува, дели, продолжува и реконфигурира. Само поставете ги деловите поинаку… и веќе сте добиле поинаква конфигурација. Redo-me е произведен од висококвалитетна иверица со различни завршни обработки, т.е. провиден, односно полупровиден плексиглас. Можностите ги има во огромен број, а овој проект, неговите сопственици ги стимулира за уште поиновативни и покреативни идеи.

 

Напиши коментар