ШоуБиз

Sandra Bullock ќе посвојува уште едно дете!

Sandra Bullock одлучила да го прошири своето семејство. Според американските портали, актерката е во процес да посвои уште едно дете. Bullock сака нејзиното посвоено синче Louis да си има брат или сестра.

Актерката и порано има изјавувано дека би сакала да има уште едно дете и сега почувствувала дека е вистинско време за тоа.

–          Loius е премал за да ја сфати улогата на постар брат, но Sandra се обидува да го подготви на промените кои го очекуваат. Советниците ја посоветувале дека целиот процес со посвојувањето може да трае околу една година. На неа не ѝ важно дали ќе биде машко или женско, важно ѝ е детето да биде здраво и живо, – изјавил извор близок на актерката.

Напиши коментар