ШоуБиз

Сараево спрема кебапи за Роберт Де Ниро

Роберт Де Ниро е една  од најголемите светски филмски ѕвезди, а токму денес на 14 јули ќе пристигне во Сараево со цел да го затвори Сараево Филм Фестивал.

На просторите на бивша Југославија тој престојувал веќе неколку пати, и секогаш се воодушевувал од гостопримливоста и топлата душа на народот.

Своевремено телохранител му било момче од Југославија, а колку го цени народот од бивша Југославија покажува и неговото навивање на Новак Џоковиќ.

Тој ќе престојува во хотелот Европа, а домаќините планираат да го одведат во кафеана и да ги проба добро познатите сараевски пити, кебапи и останати рецепти.

Од организацијата велат дека тој е едноставен човек кој не го сака гламурот, публицитетот, црвениот тепих, рефлектори и гужви. Тој не е желен за комплименти, може да се случи на ручек да биде излезен и да гледа во чинијата со часови  да ужива во тишината.

Write A Comment