ШоуБиз

Саркози ја наградил Селма Хајек со орден!

Францускиот претседател Никола Саркози ја размрда јавноста откако ја одликуваше Селма Хајек со орден – Легијата на честа.

Холувудската актерка со мексиканско потекло треба да го прими орденот на свeченост која че се одржи подоцна оваа година во Париз. Веста предизвикала негативни реакции, а некои француски весници пишуваат дека признанието требало да биде доделено на „заслужна“ личност, како на пример на француските војници во Авганистан, а не на актерка која е мажена за францускиот бизнисмен Франсоа Пино, соработник и советник на Саркози.

Покрај актерството, Селма се занимава и со хуманитарни активности во корист на мајките во земјите во развој, а учествуваше и во кампањата против насилство над жените.

Вакво одликување имаат добиено и Роберт Дениро, Клинт Иствуд, Роберт Редфорд итн. Орденот го вовел Наполеон Бонапарта во 1802 година за цивилни и воени заслуги.

Напиши коментар