Skarlett Johansson (27) конечно си доби своја ѕвезда на Булеварот на славните. На откривањето на ѕвездата ѝ се придружил колегата Jeremy Renner од филмот „The Avengers“.
– Кога ми кажаа дека ќе добијам ѕвезда, си реков на себе си „Човече, значи навистина сум направила нешто“, – изјавила актерката.
– Без оглед на тоа што ќе се случува понатаму, јас веќе сум оставила трага. Овде, на ова место, моите потомци ќе доаѓаат за да ме посетат, – додала Johansson.
Scarlett досега има глумено во неколку одлични филмови, кои доста се прославија ширум целиот свет.
Моментално таа работи на филмот „Under the Skin“.