ШоуБиз

Scherzinger на трка со Hamilton!

Откако пред неколку месеци се смирија, изгледа дека работите се враќаат на старо за Nicole Scherzinger и Lewis Hamilton.

Пејачката била забележана како му прави друштво на својот дечко за време на трката која се одржала во Мелбурн, Австралија. Се гледа дека по смирувањето, двојката се труди да поминува што е можно повеќе време заедно, од причина што токму оддалеченоста и обврските ги натераа да направат пауза со врската.

Освен Nicole, во болидот на Lewis бил и Lenny Kravitz кој очигледно е голем љубител на брзи автомобили и трки на Формула 1. Тројцата убаво се забавувале што може да се забележи и од сликите.

Напиши коментар