ШоуБиз

Се бара сиромашната “ Жизел Бундхен”

Најбогатата манекенка на денешницата, Жизел Бундхен е во потрага по нов модел. Услов е девојката да биде од сиромашно потекло од Бразил.

“Се чувствувам привилегирано што ја имам можноста да спонзорирам ваков проект”, изјавила манекенката. Се сеќавам дека мене ме одбија повеќе од 40 модни агенти од Лондон. Ми успеа дури по 43 пат.

Жизел ќе бира по една девојка од секоја населба, а победничката ќе добие едногодишен договор и круна која Жизел ја носела на својот прв карневал во Рио.

Финалето на изборот ќе се одржи во Рио де Жанеиро.

Write A Comment