Американските таблоиди пишуваат дека пејачката ќе го остави “младиот” Каспер Смарт.
Џенифер Лопез го прослави 43-тиот роденден, но забавата беше уништена со фактот дека папарацитеистиот ден го уловиле Смарт додека влегувал во кино за “филмови за возрасни”.
“Џенифер уживаше во врската со Каспер, но сега сфатила дека тој сепак е дете и ќе го остави во првата прилика”, изјавил извор близок на пејачката.
Лопез, со танчерот се забавува од минатата година, а првпат се смувале по нејзиниот развод од пејачот Марк Ентони, со кој има две деца.
