Убавина

Се дебелееме од досада и навика!

Неодамна беше објавено едно навистина интересно истражување направено во Британија, кое покажа дека повеќето жени јадат нездрава и калорична храна, и тоа најмногу додека се на работа!

Резултатите од истражувањето покажуваат дека просечната жена во својот организам внесува околу 750 калории дневно во облик на нездрави грицки и слатки. Тоа значи дека дури 1/3 од препорачаната дневна количина (2000 калории) е всушност нездрава храна која дебелее.

Истражувачите тврдат дека причината за постојаното грицкање не е гладта, туку досадата, навиката или пак „дружењето“ односно неможноста да се одолее кога некој друг јаде. Според анкетите 49% од жените изјавиле дека јадат слатки од навика и досада.

Ужините се навистина корисни за телото, но како ужинка треба да јадеме здрава храна, како свеж зеленчук, овошје или сушено овошје. Сепак, анкетите покажале дека голем број на жени преферираат „штетна“ храна, односно храна богата со масти и шеќери.

41% од испитаничките изјавиле дека нивна најомилена ужинка е чоколадото, а 9 од 10 испитанички рекле дека им е тешко да одолеат на слатките, чипсот и останатите калорични ужинки.

Затоа, експертите советуваат да земете ужинка од дома, и тоа да биде овошје или зеленчук, бидејќи шансите се поголеми да ја изедете ужинката доколку однапред ја подготвите дома, бидејќи доколку треба да купите додека сте на пауза, шансите се огромни дека ќе се одлучите за некоја штетна ужинка.

Напиши коментар