Пред само неколку дена американската штампа ја објави веста дека мајката на покојниот Мајкл Џексон е исчезната, а потоа се дозна дека таа всушност е на одмор во Аризона. Се шпекулира дека тоа е така заради наследството. Членови од семејството ја смислиле оваа приказна со цел да ја прогласат стратата Кетрин за неспособна за да се грижи за децата и нивното наследство.
Но, драмите во семејството Џексон не застануваат тука. Најново е дека соседите пријавиле во полиција силна врева и викотници од куќата каде живее семејството Џексон.
Кога полициската патрола пристигнала ја потврдила пријавата. Сестрата на покојниот Мајкл била во жестока кавга по што дошло и до физичко насилство со неговата ќерка Парис. Во тој момент очајно се обидувал да ги раздвои помалиот брат на Мајкл, Ренди.
