ШоуБиз

Се ожени Mark Zuckerberg!

На истиот ден кога Mark Zuckerberg ја стави компанијата Фејсбук на берза, си го сменил и својот статус на социјалната мрежа во „оженет“.

Zuckerberg (28) и неговата долгогодишна девојка Priscilla Chan си размениле заклетви на една мала церемонија со 100 гости во Пало Алто, Калифорнија, во саботата. Гостите мислеле дека се работи за церемонија со цел да се прослави дипломирањето на Priscilla на факултетот за медицина, оддел педијатрија.

Сепак, Mark и девојката ја планирале оваа венчавка веќе неколку месеци, а Zuckerberg бил тој што го дизајнирал прстенот на невестата.

Двојката е заедно веќе девет години, а сопственикот на Фејсбук моментално „тежи“ 19 милијарди долари.

Напиши коментар