Американската актерка Тори Спелинг и нејзиниот сопруг Дин МекДермот наводно ќе добијат уште едно дете. Тори на својот профил на Твитер објавила: “Целото семејство е пресреќно што ќе добиеме уште еден мал МекДермот. Се чувствуваме благословено што наскоро во прегратка ќе имаме уште едно мало ангелче”.
Интересен е фактот што актерката пред само пет месеци го роди третото дете, ќерката Хети. Освен Хети, парот ги има синот Лаим кој има четири години и ќерката Стела која има три години.
