ШоуБиз

Се продава куќата на Amy Winehouse

Куќата во која живееше и умре британската пејачка Amy Winehouse се продава за 2,7 милиони фунти.

Куќата во Лондон, која во меѓувреме стана светилиште за сите фанови на Amy, ја продава нејзиниот татко Mitch. Обожавателите во куќата оставале цвеќе и пораки за починатата музичка ѕвезда.

Куќата има три спални соби и прекрасна градина. По смртта на Amy се сметаше дека семејството ќе ја задржи куќата, во која требала да биде сместена и фондацијата со името на пејачката.

–          Amy многу ја сакаше куќата, но никој од членовите на семејството не сакаше да живее во неа, па затоа одлучивме да ја продадеме. Беше непрактично куќата да остане празна, а одржувањето на истата чини многу. Тоа е сјајно место и ќе биде одличен дом за тој што ќе го купи, – изјавил гласноговорникот на семејството Winehouse.

Напиши коментар