ШоуБиз

Се разгоре стариот пламен на страст помеѓу Цеца и Влада?

Српските медиуми пишуваат дека врската помеѓу Цеца и бившиот ракометар Влада Мандиќ е повторно обновена. Според нив, тие двајца биле во врска во 2004 година, но ја прекинале заради низа несогласувања. Наводно тие ги обновиле контактите за време на домашниот притвор на Цеца.

Влада и пратил порака како поддршка, а таа му одговорила на пораката така што го поканила Влада во својот дом. Од тогаш дружењето станувало се поголемо и на крајот страста го сторила своето. Блиски извор тврдат дека секогаш кога имаат слободно време тие го поминуваат заедно, во вилата на Цеца.

Цеца пак го демантирала сето ова: Незнам од каде ви е сега таа идеа дека јас сум со Влада. Мака ми е да ме спојувате со било какви мажи. Јас сум на одмор со децата на Кипар, и баш на Влада мислам. Бесна сум откако ја прочитав оваа вест!

Напиши коментар