Изгледа дека разводот е голем тренд во Холивуд. Уште не легна прашината околу разводот на Том Круз и Кејти Холмс, сега се расчу дека се разведуваат и Мелани Грифит и Антонио Бандерас.
Стравот на Мелани дека Антонио може да ја изневери изгледа стана реалност. Таа со години наназад правеше се што е возможно со својот изглед само да го задржи, но очигледно тоа не било доволно. Познато е дека тој е еден од најпосакуваните мажи, и дека често флертува со жените.
На фестивалот во Кан, Антонио беше фатен како флертува не со една туку со две убавици.
Парот е во криза веќе подолг период, а пред некоја недела Мелани беше фотографирана како шета без бурмата на раката.
Ова ќе биде уште еден страшен развод, особено кога е познат фактот дека парот има заедничко богатсво од 50 милиони долари.
