← НАЗАД НА БОЗА

Се што треба да знаете за хидратација на косата и кожата…

Се што треба да знаете за хидратација на косата и кожата…
1064 Читања

Летото е совршен момент да се потсетиме на неколкуте важни лекции за хидратација на косата и кожата. Хидратацијата помага во заштитата на кожата од надворешните влијанија и брзото стареење.

Поради современиот брз начин на живот, под кој се подразбира неправилна исхрана, премалку сон, стрес и неповолните климатски промени, нашата кожа многу пати, се суши, станува осетлива и подлежна на создавање на брчки. Ни оние со масна кожа не се поштедени … неретко таквата кожа е длабински дехидрирана.

Хидратацијата е секојдневен ритуал кој нечесто и се заборава. За интензивна хидратација пожелни се природни решенија: термална вода, морски алги и билките познати по хидратантната моќ алеото и камелијата. Овие состојки истовремено ја смируваат и зајакнуваат исцрпената кожа.

Производите за хидратација често содржат хеулеронска киселина која инаку е составен дел од нашата кожа, но со време и под влијание надворешните климатски фактори нејзината количина и делотворност се намалуваат. Затоа е потребно козметичко зајакнување. Хидратантните производи од новата генерација го зголемуваат протокот на влага во ќелиите на кожата и во текот на денот ја распределуваат водата онаму каде таа е најпотребна.

Интензивна хидратација е потребна и на Вашата коса особено доколку таа е сува и кршлива. Во тој случај испробајте благи, лесни и немасни третмани од органски состојки, без силикони, парафин и сулфати. Најфините мешавини на етерична масла и природни билни екстракти длабински ја хидратизираат и зајакнуваат косата и кожата на главата.

И не заборавајте пијте вода !!! Водата е Вашиот најголем сојузник во борбата против стареењето на Вашата кожа.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk