ШоуБиз

Sean Penn растура свршувачки :)

Овој 51-годишен заводник има освоено безброј убавици. Најчесто се залетуваа по него за време на снимањата филмови, но се шушка и дека тој самиот без срам им приоѓа во дискотеките. Сега, тој ѝ го скрши срцето на една чешка манекенка, која според очевидците е луда по него.

Petra Nemcova ја раскинала свршувачката со британскиот актер Jamie Belman само два месеци пред свадбата, а медиумите пишуваат дека тоа се случило поради тоа што 32-годишната девојка повторно се зближила со актерот Sean Penn.

Тие двајца за прв пат беа поврзувани пред четири години кога наводно имале афера. Во тоа време, актерот сеуште беше во брак. Сега тој  е слободен, па решил да ја „ослободи“ и Petra.

Write A Comment