ШоуБиз

Sean Penn: Тешко се контролирам!

Актерот Sean Penn честопати се доведува во непријатни ситуации во јавност, бидејќи има карактер и темперамент кои тешко ги контролира.

Penn има репутација на лош дечко во Холивуд, а во 2010 година се соочи со тужба за напад на новинар. Познати се и неговите испади во јавност, кои воопшто не се пријатни за уво. Да не заборавиме и на неговиот пропаднат брак со Madonna, која наводно ја тепал.

По испадот во 2010 година, тој се држи настрана од медиумите и ѝ се посвети на својата хуманитарна работа на Хаити.

–          Често се срамам поради своето однесување! Не знам да се контролирам.

Тој додава и дека се држи понастрана од познатите ѕвезди и дека сака да запознава нови луѓе.

–          Тое е едноставно. Не сакам да се дружам со луѓето кои веќе ги познавам. Сакам да запознавам нови. Не сум станал асоцијален, како што мислат многумина, – завршува актерот.

Напиши коментар